Англискиот фудбалски состав, Кристал Палас, потврди дека го ангажирал младиот Натан Фергусон. Договорот на дефанзивецот ќе биде валиден во наредните три сезони.
19-годишниот десен бек му се приклучи на клубот како слободен играч откако во јуни му истече договорот со Вест Бромвич. Ферусон кој е младински репрезентативец на Англија и потекнува од школата на ВБА, вели дека е пресреќен што потпишал со Кристал Палас.
„Неверојатно е да се биде тука. Кристал Палас е исклучителен клуб и навистина можам да му помогнам на тимот. Не можам да чекам до почетокот на сезоната” – изјави талентираниот дефанзивец за официјалната веб-страница на лондончани.