Бруно Фернандеш вели дека мора да се почитува секоја одлука на Кристијано Роналдо без разлика дали неговиот сонародник ќе остане или ќе си замине од редовите на Манчестер Јунајтед.
„Не знам што му рекол Кристијано на клубот, не знам што се случува, сепак мораме да му дадеме малку простор“ – вели Фернандеш.
„Кристијано беше нашиот најдобар стрелец во изминатата сезона. Не знам што се случува во неговата глава“ – истакна Португалецот.

