Фудбалерот, Бруно Фернандеш, не верува дека неговиот соиграч во Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо ќе ги напушти „црвените ѓаволи“ во текот на летниов трансфер период.
„Каква е ситуацијата со Кристијано Роналдо? Разговарав со него пред неколку недели, очекувам да се сретненме на 4-ти на претсезонскиот тренинг“ – вели Португалецот.
„Мислам дека Манчестер Јунајтед нема да сака да загуби толку вреден ресурс како Кристијано“ – изјави Фернандеш за медиумите во неговата татковина.

