Дефанзивецот на Русија, Марио Фернандез, по тренингот во Новогорск изјави, дека тимот е целосно подготвен за средбата од 1/8-финалето на Светското фудбалско првенство против Шпанија.
„Ништо нема да се промени во нашата игра иако загубивме од Уругвај со 3-0. Очекуваме да се вратиме на победничките патеки. Во Шпанија има одлични играчи и секогаш треба да се пристапи со почит кон нив. Имавме одлични подготовки. За натпреварот со Шпанија сме целосно подготвени и мотивирани “, изјави Марио Фернандез.
Рускиот состав ги реализираше подготовките без Александар Ерочин. Играчот од средниот ред засега работи на индивидуална програма во сала.