Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Челзи, Ливерпул и Милан Фернандо Торес официјално потврди на прес-конференција дека ќе се приклучи како слободен агент на јапонскиот клуб Саган Тошу.
Во последната сезона тој играше за својот матичен клуб Атлетико, но по завршувањето на сезоната му истече договорот и тој го напушти клубот.
Торес се одлучи да се песели во Јапонија и долго преговараше со својот нов клуб. Саган Тошу моментално се наоѓа на 17 место во јапонската лига, победувајќи само во 3 натпревари од сегашните 15 од сезоната. Торес беше дел од шпанскиот национален тим со над 100 натпревари и е двократен европски шампион, а во 2010 година триумфираше на Светското првенство во Јужна Африка.
Пред неколку недели, поранешниот соиграч на Торес во репрезентацијата на Шпанија, Андрес Иниеста, исто така, отиде во јапонскиот тим Висел Кобе.