Управниот одбор на ФФМ на својот последен одржан состанок ги утврди цените на билетите за натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија кој во рамки на Лигата на нациите ќе се игра во месец септември.
Цената на влезниците за овој натпревар ќе изнесуваат 250 и 350 денари. Влезниците ќе се продаваат преку продажната мрежа на MKTickets, официјален партнер на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за продажба на билети.
Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со приложување на докуменети за идентификација.
Натпреварот меѓу Македонија и Бугарија се игра на 26 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.