Денеска започна продажбата на влезниците за првиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација против Малта од квалификациите за ЕП 2024 како и за пријателскиот меч против Фарски Острови.
На 23. март (четврток), нашата најдобра репрезентација ги отвора квалификациите за ЕП против Малта на „Тодор Проески“ во Скопје. Четири дена подоцна, на 27. март (понеделник), во пријателски натпревар ќе ја пречекаме селекцијата на Фарски Острови.
Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Малта и натпреварот Македонија – Фарски Острови се одвива исклучиво преку продажната мрежа на MkTickets. https://mktickets.mk/event/mkd-mlt/