Денеска започна продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Англија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за ЕП 2024.
Цената на влезница изнесува 400 и 600 денари. Продажбата е исклучиво преку продажната мрежа на „MKTickets“ со физичко присуство на купувачите. Задолжителна е влезница и за деца без оглед на нивната возраст.
Северна трибина
Блок 13 и 19 400 денари
Блок 14, 18, 20 и 24 600 денари
Jужна трибина
Блок 1 и 6 400 денари
Блок 2, 3, 4 и 5 600 денари
Западна трибина
Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30 400 денари
Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 18, 19. и 20. ноември од 10:00 до 18:00 часот.