Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ФФМ го одржа годишното Собрание: Од следната сезона ќе има само една Втора лига
    Фудбал

    ФФМ го одржа годишното Собрание: Од следната сезона ќе има само една Втора лига

    sasoBy saso12/03/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Со присуство на 55 од вкупно 58 делегати денеска во скопскиот хотел „Хилтон“ се одржа редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија. Меѓу точките на дневниот ред и одлуките кои беа донесени се издвојуваат финансискиот извештај за 2021 година, според кој ФФМ

    остварила приходи од околу 19 милиони евра, што годината која е зад нас ја прави една од финансиски најсилните за нашата куќа на фудбалот.

    Според извештајот, ФФМ минатата финансиска година ја затвори со плус од нешто над 4 милиони евра.

    На Собранието свое излагање имаа и преставници на ФИФА и УЕФА кои ја истакнаа одличната соработка со ФФМ и ги потенцираа одличните резултати на зелениот терен и надвор од него.

    На денешното Собрание беше направена и измена во системот на натпреварување за сезоната 2022/23, со тоа што двете Втори лиги ќе бидат споени во единствена Втора лига. Истата ќе брои 16 клуба, а комесарот за натпреварување Игор Франговски потврди дека Првата лига останува со 12 клубови.

    Според донесените измени, две екипи кои ќе испаднат од Првата лига, двата тима кои ќе бидат поразени во баражите за пласман во Првата лига, 10 клуба од сегашните две Втори лиги со пласман од третото до седмото место и 2 екипи кои ќе бидат победници во баражите за влез во Втората од третите лиги, ќе ги пополнат оние 16 места за новата единствена Втора лига.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното

    01/04/2023

    Барса излезе со соопштение

    01/04/2023

    Шпанецот го советува Сака

    01/04/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Квартараро има проблеми со моторот
    • Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното
    • Барса излезе со соопштение
    • Шпанецот го советува Сака
    • Германецот ќе остане во Бенфика
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.