Фудбалската федерација на Македонија денеска го суспендираше теренот во Неготино откако по завршувањето на мечот меѓу Вардар Неготино и Охрид беше удрен гостинскиот голман.
-Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Комисијата за натпревари на вондредна седница по прегледаните извештаи и снимки од натпреварот во рамки на 4. коло од Втора МФЛ одигран на ден 25.09.2024 година на Градскиот стадион Неготино меѓу екипите на Вардар Неготино и Охрид Лихнидос поради физички напад од страна на неслужбено лице врз голманот на Охрид Лихнидос, комисијата донесе одлука според член 94 од Правилник за натпревари на ФФМ за СУСПЕНЗИЈА на Градски стадион Неготино . Суспензијата стапува на сила веднаш“ – стои во соопштението од ФФМ.

