На еден месец пред дебитантскиот настап на нашата репрепрезентација на ЕП 2020 година, Комерцијална банка ќе обезбеди значајна поддршка за ФФМ за нови успеси и заеднички победи. Првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини рече дека репрезентацијата добива уште еден горд поддржувач
„Најдобрата македонска банка заедно со најдобрата фудбалска репрезентација. Среќни сме што преку оваа соработка со Комерцијална банка, имаме можност да ја продолжиме убавата приказна поврзана со учеството на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство“ – изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
„Веруваме дека македонскиот фудбал има во себе магија и моќ да поттикне нови успеси и заеднички победи. Тоа е мисијата со која Комерцијална банка влегува во соработка со Фудбалската федерација. Посакувам Европското првенство да ни донесе многу радости“ – изјави главниот оперативен директор и член на УО на Комерцијална банка, Илија Илоски.