Во организација на УЕФА и Фудбалската федерација на Македонија во Скопје се одржува првата регионална конференција за спречување на користење на пиротехника на фудбалските терени. Значењето на настанот го потенцираше Михаел Ван Праг, член на Извршниот комитет на УЕФА и претседател на Холандската фудбалска Асцоцијација.
„Во име на УЕФА и нашиот претседател, Александар Чеферин, изразувам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија за заедничкото огранизирање на оваа важна конференција.Нашата одговорност е да се обидеме да најдеме правилен метод за соочување и справување со овие проблеми, бидејќи голема е загриженоста од зголемувањето на нивото на инциденти на фудбалските натпревари а безбедноста на навивачите и љубителите на фудбалот секогаш е на прво место“ – изјави високиот гостин на УЕФА, Михаел Ван Праг.
На собирот се присутни експерти од повеќе земји кои ќе проговорат на темата и ќе го пренесат знаењето и искуство на присутните гости од нашата држава и Асоцијациите од регионот, Србија, Косово, Црна Гора и БиХ.