Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ФФМ им ги додели ФИФА-амблемите на македонските фудбалски судии
    Фудбал

    ФФМ им ги додели ФИФА-амблемите на македонските фудбалски судии

    risteBy riste11/02/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со својата стратешка определба за подигнување на квалитетот и професионализмот во фудбалското судење.

    Во таа насока, оваа година, редовниот Зимски судиски семинар 2025 за судии и контролори од Единствената листа за Првата и Втората МФЛ, кој се одржа од 7. до 11. февруари во Струмица, имаше посебен акцент на едукацијата, физичката подготвеност и унифицираната примена на правилата на играта, согласно највисоките стандарди на ФИФА и УЕФА, презентирани од досегашните еминентни наши најдобри судии, а сега судиски инструктори, Александар Ставрев, Димитар Мечакровски, Дејан Јакимовски, Јосип Бартон, Горан Спиркоски, Марјан Кировски и Дејан Костадинов

    „Судиската организација е еден од клучените столбови на фудбалот, а нејзиниот развој е наша заедничка обврска. Со континуирана едукација, физичка подготовка и јасни критериуми во донесувањето одлуки, ја зајакнуваме довербата во македонскиот фудбал. Овој семинар е од особено значење затоа што преку него ги поставуваме темелите за иден судиски кадар кој ќе ги следи највисоките светски стандарди, особено во еден исклучително значаен претстоен период на имплементација на ВАР системот“  изјави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

    Како круна на посветената работа на нашите судии, на овој семинар беше организирано и свечено доделување на ФИФА амблемите за 2025 година на нашите меѓународни судии. Ова признание е доказ за нивната професионалност и интегритет, но и голема одговорност да продолжат да бидат амбасадори на македонското судење на меѓународната сцена.

    Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија ги додели ФИФА амблемите на сите интернационални судии и им посака многу успех, посветеност, професионалност и одговорност во судењето и достојно претставување на ФФМ и Судиската организација ширум Европа.

    Како резултат на досегашната долгогодишна судиска кариера и неговата професионална посветеност како еминентен судија во Првата МФЛ, а потоа и ФИФА футсал судија, претседателот на ФФМ на Јосип Бартон, сегашен комесар за делегирање на судии, му врачи плакета како благодарност за минатиот труд. 

    Во рамките на семинарот, судиите и контролорите минуваат низ серија теоретски тестирања, практични анализи на натпревари, како и фитнес тестови, кои се основен предуслов за врвно судење. Дополнително, се одржаа работилници за примена на ВАР протоколот, психологија во судењето и интегритет, со цел создавање модерни и подготвени судии за предизвиците на денешниот фудбал.

    ФФМ останува цврсто посветена на развојот на судиската организација и на унапредување на стандардите, со крајна цел – фер, транспарентен и квалитетен фудбал во Македонија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.