Наталиа Илиевска Божиновска е нов генерален секретар во Фудбалската федерација на Македонија.
Таа доаѓа на местото на Филип Поповски кој според законот го исполни условот за максимален мандат.
Со одлука на Управниот Одбор, Илиевска Божиновска стана првата жена која ќе ја има втората најзначајна функција во македонскиот фудбал. Таа досега беше вработена во генералниот секретаријат на ФФМ.