Фудбалската федерација денеска ја промовираше првата македонска стратегија за женски фудбал – „Повеќе жени – повеќе голови 2021-2025”.
Пред присутните гости обраќање имаа потпретседателот на ФФМ, Лазар Ракиџиев, генералниот секретар, Филип Поповски и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир.
Поддршка на проектот преку видео-обраќање даде и селекторот на женската репрезентација на САД, Влатко Андоновски. Меѓу гостите беше и Кејт Брнс, амабасадор на САД во нашава земја.