Фудбалската федерација на Македонија ќе побара од УЕФА да се одложи мечот со Косово закажан за 26 март на Националната Арена „Тодор Проески“ во рамите на Лигата на нации.
ФФМ ќе се определи на таков чекор поради мерките што македонската влада ги презема од денеска меѓу кои влегува изолација на сите што доаѓаат од високо-ризичните подрачја во кои има заразени со корона-вирусот. Бидејќи меѓу нив во преден план е Италија а таму има дури тројца наши интернационалци: Горан Пандев (Џенова), Елиф Елмас (Наполи) и Илија Несторовски (Удинезе), ФФМ размислува за пролонгирање на дуелот, најави портпаролот Златко Андоновски.
Во меѓувреме УЕФА е под силен притисок од повеќе членки кои бараат да се одложи Европското првенство закажано во текот на летото.