Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ФФМ ќе добие нова парична помош од УЕФА
    Фудбал

    ФФМ ќе добие нова парична помош од УЕФА

    dinoBy dino18/07/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската федерација на Македонија ќе добие нови вонредни средства од УЕФА во висина од еден милион евра за подобрување на фудбалската инфраструктура во Македонија, изјави на денешната прес – конференција генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.

    „Денеска официјално можеме да потврдиме дека ФФМ со помош на УЕФА е способна институција да ги поддржи идните проекти во нашиот фудбал, од изградбата на инфраструктура до работа со млади категории, кои се во нашиот фокус и согласно стратешкиот план на федерацијата. Со гордост можам да најавам е дека благодарение на реализираните проекти, УЕФА ни доделува нови, вонредни средства од „Хет Трик“ програмата во висина од еден милион евра“ – изјави Филип Поповски, генерален секретар на ФФМ.

    „Овие средства од минатите „Хет-трик“ програми на УЕФА ќе ги насочиме кон подобрување на фудбалската инфраструктура а со новиот „Хет-Трик 5“ една од можностите е комплетна доградба на главниот стадион во комплексот – „Петар Милошевски“ и можноста да создадеме услови и нашата А репрезентација да игра дел од натпреварите на стадион во нашиот комлекс. Убеден сум дека повторно ќе ја оправдаме довербата која е многу значајна не само за ФФМ, туку и за националните селекции, клубовите во Македонија, Академијата и тренерската струка, изјави Поповски, најавувајќи нов проект за едукација на нашите тренери од програмата Еразмус +, во која ќе бидат вклучени 20 наши тренери со обуки во ПАОК, Матерзбург и Пескара.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Пеп: ме изненади тактиката на Артета

    28/01/2023

    Елмас сакал да го напушти Наполи

    28/01/2023

    Ристовски проговори за ситуацијата во клубот

    28/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Сабаленка го освои Мелбурн
    • Ивановски ќе игра ново финале
    • Пеп: ме изненади тактиката на Артета
    • Елмас сакал да го напушти Наполи
    • Ристовски проговори за ситуацијата во клубот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.