Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија денеска ј аодреди цената на билетите за натпреварот на македонската А репрезентација против Ерменија од циклусот во Лига на Нации кој на 10. септември ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Цената на влезница за натпреварот изнесува 200 денари (источна и западна трибина) и 400 денари (јужна и северна трибина). 1500 денари е цена на влезница во ВИП ложа на северната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.
Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Ерменија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets.

