Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ФФМ на мечот со Лихтенштајн ќе слави 25 години од првиот репрезентативен меч
    Фудбал

    ФФМ на мечот со Лихтенштајн ќе слави 25 години од првиот репрезентативен меч

    risteBy riste03/10/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Најдобрата репрезентација на Македонија на најдобар начин со две победи  на воведните два натпревари го отвори новото натпреварување на  УЕФА, Лига на Нации.

    Натпреварувањето преку кое Македонија ќе се обиде за прв пат во својата историја да обезбеди пласман на Европско првенство го продолжуваме со два натпревари овој месец, на 13. октомври на Националната арена „Филип Втори“ против Лихтенштајн, а три дена подоцна гостуваме во Ереван против Ерменија.

    На мечот против Лихтенштајн, на 13 октомври, во Скопје, се навршуваат 25 години од првиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија, пријателскиот меч со Словенија (4:1) во Крањ. По тој повод Фудбалската федерација на Македонија ќе ги покани сите фудбалери што настапија на тој меч, предводени од Дарко Панчев, како и стручниот штаб, на чело со селекторот Андон Дончевски, кој допатува од Австралија. Тие пред натпреварот треба да продефилираат пред публиката на арената „Филип Втори“ и ќе добијат пригодни подароци во знак на сеќавање на историскиот натпревар.

    Верните навивачи на Македонија, од денеска, 03. октомври, ќе можат да купат билет за натпреварот Македонија – Лихтенштајн преку продажната мрежа на MKTickets.

    Цената на влезниците изнесува 100 денари за јужна трибина и 150 денари за северната трибина од Националната арена.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина

    20/03/2023

    Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда

    20/03/2023

    Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 

    20/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.