Фудбалската репрезентација на Македонија во следниот период треба д аги одигра клучните натпревари од квалификациите за СП. Следниот натпревар од квалификациите за Светското првенство кое во 2026 година ќе се одигра во САД, Канада и Мексико е можеби најтешкиот.
Македонските фудбалери ѝ гостуваат на Белгија во Гент, а за оваа средба нашата федерација доби 1.000 билети. Според информациите од ФФМ, сите билети за македонскиот сектор на трибините се распродадени за само неколку денови.
Од Фудбалската федерација на Македонија им се заблагодарија на навивачите кои купија билет за да бидат поддршка на репрезентацијата. Исто така објаснија дека поради малиот капацитет на стадионот во Гент, бројот на гостински места е ограничен.
photo: ffm,.mk

