Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешниот состанок на Управниот одбор покрај за Европа донесе одлуки и за стартот на новата сезона и преодниот кој кој следи.
ФФМ го усвои календарот за натпреварувачката сезона 2020/21 и согласно истиот, новата сезона од ПМФЛ ќе започне на 9 август , додека на 22 август ќе стартува новата сезона од ВМФЛ. Купот на Македонија, според планот ќе започне на 23 септември. Околу летниот преоден рок кој веќе е во тек затоа што започна на 15 јуни, истиот е предвидено да трае цели дванаесет седмици, односно ќе заврши на 6 септември.
Управниот одбор на Фудбалската федерација исто така донесе одлука за промена на терминот на одржување на редовното годишно собрание. Доколку условите дозволуваат, 12 јули ќе биде датумот на одржување.

