Фудбалската федерација на Македонија се определи за минимални цени на влезниците за првиот меч на домашен терен на нашата селекција против Ерменија во рамките на новото натпреварување под капата на УЕФА – Лигата на нации.
Средбата ќе биде реализирана на 9 септември на Арената во Скопје а влезниците по цена од 150 за северната трибина и 100 за јужната, ќе може да се набават од понеделник 3-ти септември и тоа преку продажната мрежа на MKтикетс, а посебен пулт за продажба ќе биде поставен во „Скопје Сити Мол“.
Влезници за мечот Македонија-Ерменија ќе се продаваат и на благајната на Националната арена – „Филип Втори“, на денот на натпреварот од 12 часот до почетокот на мечот.