Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ФФМ по направената анализа ги суспендираше судиите од дуелот Гостивар – Вардар до крајот на сезоната!
    Фудбал

    ФФМ по направената анализа ги суспендираше судиите од дуелот Гостивар – Вардар до крајот на сезоната!

    risteBy riste10/04/2022No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија имаше полни раце работа, откако во послендиот период во ПМФЛ и ВМФЛ многу тимови се пожалија на арбитражата.

    Таква беше ситуацијата и на натпреварот меѓу Гостивар и Вардар, во кој домашната екипа победи со 2:1, а во првото полувреме беа видени неколку грешки. Фудбалска Македонија е во шок по досудениот офсајд при контранападот на Вардар, а играч на Гостивар лежеше во својот шеснаесетник.

    Покрај тоа, судиите погрешиле и при досудениот пенал за домашната екипа, но и при еден поништен гол, сите овие одлуки биле на штета на Вардар.

    Поради катастрофалното судење и неколкуте очигледни грешки, главниот судија Влатко Илиоски и помошниците Костоски и Смилкоски добија суспензија до крајот на сезоната. Оваа судиска тројка нема да биде делегирана од страна на ФФМ во тековната сезона, ниту на натпреварите во ПМФЛ, ниту во ВМФЛ.

    Еве што вели анлализата за делењето на судиската правда на овој натпревар од страна на судиската комисија при ФФМ:

    Судиска комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија ги разгледа спорните моменти од 22. коло на 2 МФЛ – ЗАПАД и ги донесе следните заклучоци: На натпреварот ФК ГОСТИВАР – ФК ВАРДАР одигран на 09.04.2022 година, анализирани се ситуациите во 4, 8, 33, 42 и 45+2 минута. 

    Главен судија: Илиоски Влатко; Помошни судии: Костоски Зоран и Смилкоски Марјан; 

    04. минута:ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА(досудено слободен удар). 

    По еден изведен корнер за екипата на Вардар, играч на Вардар постигнува гол со удар со глава, главниот судија го поништува голот и неоправдано досудува прекршок врз голманот на домашната екипа.

    8.минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА(досудено офсајд позиција)

    При напад на домашната екипа, играч на Гостивар постигнува гол кој оправдано е поништен поради офсајд позиција, играчот на Гостивар во момент на додавање на топката е понапред од претпоследниот играч од одбраната на Вардар. 

    33.минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА(не досудено удар од 11 метри)

    Играч од одбраната на Вардар и играч од нападот на Гостивар се во дуел, одбранбениот играч на Вардар ја одбива топката пред напаѓачот на Гостивар, исправна одлука на главниот судија играта да продолжи, (нема прекршок за 11 метри).

    42. минута ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА(досудено удар од 11 метри)

    Играч на Гостивар додаде топка до соиграч кој беше во шеснаесетникот на Вардар, во моментот на примање на топката двата противнички играчи се статични и доаѓа до еден дуел каде има минимален контакт недоволен за прекршок, главниот судија неоправдано покажа удар од 11 метри за домашната екипа, по кој домашните израмнија на 1:1 

    45+2 минута ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА И ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

    Вториот помошен судија занесен во играта заборава дека во шеснаесетникот на Гостивар останува претпоследниот одбранбен играч на Гостивар и напаѓач на Вардар и се рамни со вториот претпоследен играч од ФК Гостивар кој е 10-15 метри понапред од претпоследниот, при тоа се додава топка до напаѓач на ФК Вардар кој е во дозволена позиција, а помошниот судија неоправдано го подига знаменцето и рекламира офсајд и е неоправдано прифатен од страна на главниот судија. Погрешна одлука на двајцата судии во овој момент. 

    ПОСЛЕ НАПРАВЕНАТА АНАЛИЗА ОД ОВОЈ МЕЧ, ГЛАВНИОТ СУДИЈА И ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА СЕ СУСПЕНДИРААТ ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА И НЕМА ДА БИДАТ ДЕЛЕГИРАНИ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 1. И 2. МФЛ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Челзи бара замена за Маунт….

    21/03/2023

    Халанд се врати во Англија

    21/03/2023

    Седло го напушти Шкупи

    21/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин Ивановски со победа почна на турнирот во Тулуз
    • На Лонзо Бол му беше пресадена ’рскавица во левото колено
    • Челзи бара замена за Маунт….
    • Халанд се врати во Англија
    • Седло го напушти Шкупи
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.