Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ФФМ: Почна изборот на нов селектор на македонската фудбалска репрезентација
    Фудбал

    ФФМ: Почна изборот на нов селектор на македонската фудбалска репрезентација

    risteBy riste12/12/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Комисијата за избор на нов селектор на македонската А репрезентација во состав Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ, Горан Пандев – директор на Национални репрезентации, Николче Новески – раководител на скаутинг службата на ФФМ, Агим Ибраими – член на У.О. на ФФМ и Марјан Стојковски – потпретседател на ФФМ (on-line присутен), денеска одржа работен состанок на кој се анализираше актуелната состојба во националниот тим, потребите за наредниот квалификациски циклус и профилот на тренер што е неопходен за подигнување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска репрезентација.

    Членовите на Комисијата водеа конструктивен разговор заснован на стручни параметри,  систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на фудбалерите и фокус на резултатска стабилност. Во процесот на селекција се нагласува значењето на тренер кој ги познава домашните фудбалски текови, потенцијалот на нашите играчи и кој може да внесе јасна тактичка идеја и дисциплина во тимот.

    Комисијата ќе го достави својот предлог, македонски стратег, кој според анализите одговара на поставените критериуми, а конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.

    Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и јасно дефиниран процес, со цел изборот на новиот селектор да придонесе за квалитетна и стабилна работа на македонската А репрезентација.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.