Фудбалската федерација на Македонија на главниот стадион на тренинг центарот – „Петар Милошевски“ поставува нови рефлектори.
Осветлувањето на стадионот сега ќе биде по сите стандарди на УЕФА што значи ќе може да се играат и меѓународни натпревари под рефлектори.
Стадионот главно го користеа младинските репрезентации на Македонија како и клубовите кои настапуваа во европските купови. Тие досега не можеа да играат во вечерни термини.