Секој женски клуб во македонската Прва лига ќе добие по 10.000 евра како финансиска помош за административни потреби, пари кои Фудбалската федерација на Македонија ќе ги распредели на 11-те клуба преку солидарниот фонд на УЕФА од ланската женска Лига на шампионите.
„Со континуираната помош и во финансиска и во техничка смисла (опрема, фудбалски топки, трошоци за патување…итн.), ФФМ потврдува дека на женскиот фудбал веќе одамна не се гледа како на ентузијастички придонесувач, туку и како на дел од нашиот фудбал кој развива конкретни цели и задачи“ – вели Поповски.
„ Преку напорите на ФФМ ние сакаме да ги поттикнеме клубовите пред сѐ да бидат двигатели на идниот подем на женскиот фудбал во Македонија. Голема е помошта од УЕФА во таа смисла и важно е да покажеме дека се третира на вистинско ниво продолжувајќи во таа насока“, рече генералниот сектретар на ФФМ, Филип Поповски.