Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фудбалската федерација на Македонија објавија ново партнерство поврзано со Светскиот ден на детето, со кое ќе ја промовираат важноста на инклузијата, недискриминацијата и еднаквоста на децата и младите во спортот и во игрите.
Оваа година Светскиот ден на детето се одржува на истиот ден кога започнува Светското првенство во фудбал.
„Мило ни е што по повод Светскиот ден на детето во соработка со УНИЦЕФ и пред почетокот на Светското фудбалско првенство, имаме можност да испратиме заедничка порака за вклученост, недискриминација и почитување на детските права,“ рече претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Муамед Сејдини.