Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ФФМ упати честитка до клубовите по повод завршената сезона во МФЛ
    Фудбал

    ФФМ упати честитка до клубовите по повод завршената сезона во МФЛ

    risteBy riste26/05/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) упати искрени честитки до клубовите кои во сезоната 2024/25 постигнаа значајни успеси во МФЛ. Во честитката која ФФМ ја упати до клубовите се вели:

    Од името на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и „Куќа на фудбалот“, упатуваме најсрдечни честитки до сите фудбалери, тренери, техничките и медицинските лица во екипите кои во штотуку завршената натпреварувачка сезона имаат причина за радост и задоволство. Се разбира, честитки и до сите навивачи на клубовите, бидејќи секој дел од организацијата несомнено е значајна во успесите на својот клуб.

    Честитки до ФК Шкендија за освоената титула шампион во Прва македонска фудбалска лига. Тимот од Тетово уште еднаш покажа квалитет, стабилност и победнички менталитет.

    Честитки до ФК Вардар за освојувањето на Купот на Македонија. Оваа титула е уште една потврда за вредноста и фудбалската сила на клубот.

    Честитки до ФК Силекс и ФК Работнички за обезбедениот пласман во европските натпреварувања на УЕФА. Ви посакуваме успешни настапи и достоинствено претставување на македонскиот фудбал на меѓународната сцена.

    До ФК Македонија Ѓорче Петров, ФК Арсими и ФК Башкими за обезбеденото место во Прва МФЛ за сезоната 2025/26. Добредојдовте во најдобрата конкуренција, со желби за натпреварувачки успех и напредок.

    Дополнително, ФФМ упатува честитки до ФК Тетекс, ФК Слога Виница и ФК Шкендија Арачиново за успешно изборениот пласман во повисок ранг за следната сезона. Значаен и голем чекор за клубoвите.

    Искрени честитки до ЖФК Љуботен за освојувањето на двојната круна. Се надеваме дека достоинствено ќе го претставувате македонскиот женски фудбал во квалификациите од Лигата на шампионите. До ЖФК Кочани за пласманот во Прва ЖМФЛ.

    Честитки до младинските тимови за остварените резултати. Охрабрува вашата посветеност, талентот и спортскиот дух. Вие сте гордост за клубовите и македонскиот фудбал.

    ФФМ изразува голема благодарност до Министерството за внатрешни работи (МВР), особено до Биро за јавна безбедност (БЈБ) и СВР Скопје за целата поддршка и логистичка помош при организацијата на бараж натпреварите за Прва и Втора лига. Посветеноста и професионализмот овозможија сите натпревари да се одвиваат во безбедна и фер атмосфера.

    Исто така, изразуваме благодарност до домаќините на бараж натпреварите за одличните услови и поддршката при организацијата. ОФС Кавадарци и градоначалникот Митко Јанчев и одговорните лица на стадионот во Ѓорче Петров.

    Фудбалот на прво место. Ви посакуваме сѐ најдобро во иднина.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.