Претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулејем, го започна процесот на барање нови тимови кои ќе се приклучат на спортот помеѓу 2025 и 2027 година.
Од друга страна, Либерти Медиа не сака нови екипи во Формула 1 бидејќи постои загриженост за достапните гаражи на некои од патеките кои моментално се дел од календарот на Формула 1. На пример, во Мајами, Монако и Холандијa.
„Имаме договор кој вели дека може да има до 12 екипи. Значи, ние не прекршуваме никакви правила и го исполнуваме нашиот договор“ – изјави Бин Сулејем.