Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА ) привремено им овозможи на играчите да играат во три различни клуба за време на една сезона, се вели во информацијата објавена од прес-службата на ФИФА.
„За да се избегне стравот поврзан со евентуално неангажирање, на играчите им е дозволено да се регистрираат во три клуба и да играат за нив на официјални натпревари во текот на една сезона“, се вели во соопштението.
ФИФА, исто така, им овозможи на националните федерации да ја спроведат првата фаза од лиценцирање на клубовите и планирање на календарот за следната сезона во текот на тековната сезона, за да ги завршат шампионатите во нивните првични планови. Привремените промени веќе стапија на сила.
Според претходната регулатива на ФИФА, фудбалер во рамките на една сезона не можеше да игра за повеќе клубови.