Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ФИФА ги брише жолтите картони, но Елмас сепак нема да игра со Италија!
    Фудбал

    ФИФА ги брише жолтите картони, но Елмас сепак нема да игра со Италија!

    risteBy riste17/01/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација ќе мора без Елиф Елмас да игра во плеј-оф дуелот со Италија во битка за место на СП 2022 година во Катар.

    Светската фудбалска федерација (ФИФА) одлучи да ги избрише жолтите картони од квалификациските мечеви, но суспензиите остануваат, а тоа значи лоши вести за селекторот Благоја Милевски. Тој нема да може да смета на еден од најдобрите во нашиот национален тим.

    22-годишниот Елиф Елмас направи еден непромислен потег и заработи жолт картон на последниот дуел со Исланд на домашен терен. Тоа значи дека ќе мора да прави пауза од еден натпревар, а ќе биде достапен за финалето од плеј-офот. На овој историски натпревар нема да може да настапи и Тихомир Костадинов, кој исто така има суспензија поради жолти картони.

    Македонија ќе игра против актуелниот европски првак на 24 март во Палермо. Победникот од полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Португалија или Турција.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.