Стигнаа и првите санкции за националните федерации поради навивачите на стадионите во Русија. ФИФА ги изрече првите парични казни со 10.000 долари за Мексико и Србија по првото коло од групната фаза.
Мексиканците се казнети за хомофобични рефрени кои биле користени од нивните навивачи на натпреварот против Германија и тоа за голманот Мануел Нојер. Ова не е прв пат за Мексико, оваа селекција има заработено неколку пати вакви казни за време на квалификациите, а федерацијата ги повикуваше обожавателите да престанат со ваков начин на навивање, но очигледно барањето беа недоволни.
Србите се казнуваат со парична казна за политичка парола истакната за време на натпреварот со Костарика.