Светската фудбалска асоцијација објави дека ќе издвои вкупно 440 милиони долари кои ќе бидат распределени на репрезентациите учесници на Мундијалот во Катар.
Победникот ќе добие 42 милиони долари додека вториот финалист ќе заработи 30. Селекцијата што ќе го освои третото место ќе добие 27 милиони долари.
Годинава на Светското првенство ќе учествуваат 32 земји а како главни фаворити за пехарот се наметнуваат Бразил, Франција, Аргентина итн.