Светската куќа на фудбалот го одреди најдобриот тим за 2021 година.
На голманската позиција е поставен Џанлуиџи Донарума, во одбраната се: Рубен Дијаш (Манчестер Сити), Леонардо Бонучи (Јувентус) и Давид Алаба (Реал Мадрид).
Во средниот ред се вметнати: Жоржињо (Челзи), Канте (Челзи) и Кевин де Бруин (Манчестер Сити). Во нападот место добија: Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Ерлинг Халанд и Роберт Левандовски.