Светската фудбалска асоцијација, ФИФА, предложи да се направат по пет замени во текот на еден меч откако сезоната ќе продолжат по паузата предизвикана од пандемијата на корона-вирусот.
Предлогот треба да биде одобрен од Комитетот на Меѓународната фудбалска асоцијација а на секоја лига ќе и биде оставен простор индивидуално да одлучи дали ќе го прифати.
– Кога натпреварувањата ќе продолжат, клубовите ги очекува густ распоред. Со оглед на ситуацијата со која се соочуваме, ФИФА предлага времено да се прават максимум пет замени на еден меч“ – се вели во соопштението.