Светската фудбалска федерација (ФИФА) изрече казна од 15 илјади швајцарски франци на Хрватскиот фудбалски сојуз поради видеото што го објавија двајца членови на тимот по успехот над Русија во четвртфиналето.
Натпреварот заврши 2:2 по дополнително време (1:1 во регуларнио дел), но по пеналите Хрватите триумфираа. Во радост, дефанзивецот Домагој Вида и поранешниот фудбалер, а сега скаут Огнен Вукојевиќ објави видео на социјалните мрежи, велејќи: „Слава на Украина! Оваа победа е за Динамо (Киев) и за цела Украина!“.
Таквото однесување беше толкувано како политичка провокација, веројатно поради воениот конфликт што беше во Источна Украина.