Македонската фудбалска репрезентација со 1355 поени остана на 65 позиција на ФИФА ранг листата. Тоа е три места подолу од нашиот најдобар пласман во 2022 година во мартовското рангирање.
На врвот и натаму е Браил пред новиот светски шампион, Аргентина. Во првата десетка се уште и Франција, Белгија, Англија, Холандија, Хрватска, Италија, Португалија и Шпанија.
Селекцијата на Мароко која во Катар стана првата земја од Африка што обезбедила место меѓу најдобрите четири на еден Мундијал, сега е рангирана на 11 позиција.