Светската фудбалска централа (ФИФА) го одложи изборот на домаќинот на Светскиот куп за жени во 2023 година.
Гласањето беше закажано за почетокот на јуни во главниот град на Етиопија, Адис Абаба, но кризата со коронавирус ги смени плановите. Комисијата на ФИФА ќе биде домаќин на видео конференција на 25 јуни, а изборот ќе биде помеѓу Бразил, Колумбија, Јапонија и заедничка понуда на Австралија и Нов Зеланд.
Следниот Светски фудбалски шампионат ќе биде за прв пат во формат со 32 екипи, за разлика од претходното СП во Франција во 2019 година кое имаше 24 учесници.