Челниците на ФИФА ја преиначија првичната одлука дека фудбалерите од Јужна Америка не смеат да настапат за клубовите од Премиер-лигата во текот на викендов бидејќи играа за нивните селекции во изминатиот период.
Тоа значи дека сите интернационалци од Бразил, Парагвај, Чиле и Мексико, ќе им бидат на располагање на тренерите за претстојните мечеви.
Станува збор главно за играчи на Манчестер Сити, Ливерпул, Лидс, Манчестер Јунајтед, Ватфорд и Вулверхемптон.