Англискиот фудбалски состав, Кардиф, објави дека не добил никаков одговор од страна на Нант иако им предложи на Французите да имаат состанок и да ги решат проблемите со транферот на трагично загинатиот фудбалер, Сала.
Познато е дека Премиерлигашот одби да плати 15 милиони фунти и дека Нант се жалеше во ФИФА и бараше исплата од велшкиот клуб. ФИФА определи рок до 3 април, но, тоа не е испочитувано а рокот е продолжен, потенцираат британските медиуми.
Ќе потсетиме дека фудбалерот кој требаше да се пресели од Нант во Кардиф не успеа да потпише договор бидејќи загина во авионска несреќа на 21. Јануари додека патуваше токму од Франција кон Британија.