Раководството на ФИФА ќе им препорача на играчите за намалување на платите од 50 проценти додека не се смири пандемијата на коронавирус.
Ова беше јасно по средбата со претставници на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) и Меѓународната федерација на здруженија на професионални фудбалери (ФИФПро). Покрај тоа, ФИФА привремено ќе забрани прекинување ма договорите со играчи и тренери од страна на клубовите за времетраењето на кризата.
Опцијата за намалување на платите за половина е поддржана од повеќе од половина клубови. Намалувањето на платите од 50% исто така веќе се дискутира и во англиската Премиер лига.