На Европското фудбалско првенство кое ќе заврши денеска со финалето Англија- Италија, се повредија 30 фудбалери од 18 репрезентации.
Тоа значи дека според правилникот, ФИФА, ќе треба да им исплати на нивните клубови 16,7 милиони евра. Од тие пари 7,5 милиони евра ќе отидат кај Интер како компензација за нивниот играч Кристијан Ериксен кој колабираше на мечот со Финска.
Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле, кој беше дел од селекцијата на Франција ќе мора да паузира четири месеци. Каталонците како компензација за неговото отсуство ќе добијат 3,2 милиони евра.

