Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, најави дека се преземаат чекори за подобрување на прегледноста при реализирање на трансферите се со цел да се добие вистински фер-плеј.
Тој се обиде да објасни дека клубовите ќе можат да испраѓаат само ограничен број на играчи како позајмени во други клубови и дека ќе биде регулирана и провизијата што треба да ја добијат агентите задолжени за трансфери.
„Во целиот процес ќе бидат вклучени сите инволвирани страни.Ќе треба да се анализира и нивното размислување за нашиот предлог“ – потенцирал Инфантино со напомена дека реформите ќе треба да се изгласаат на конгресот на Светската фудбалска асоцијација кој ќе биде реализиран на 26 октомври.