Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ФИФА: Меси е најдобриот фудбалер за 2022 година
    Фудбал

    ФИФА: Меси е најдобриот фудбалер за 2022 година

    sasoBy saso28/02/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси синоќа во Париз е прогласен за најдобар играч во 2022 година во изборот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

    Меси оваа награда ја заслужи освојувајќи ја титулата на неодамнешното Светско првенство во Катар. Напаѓачот на ПСЖ беше најдобар играч и во 2019 година, а последните двапати најдобар играч беше прогласуван Полјакот Роберт Левандовски.

    За најдобра фудбалерка е прогласена Алексија Путелас, која со Барселона играше во финалето на Лигата на шампионите. Најдобар тренер во машкиот фудбал е селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, кој ја предводеше јужноамериканската репрезентација до третата светска шампионска титула.

    Во женска конкуренција наградата ја освои Холанѓанката Сарина Вигман која со англиската селекција стана шампион на Европа.

    За најдобар голман е прогласен аргентинскиот чувар на мрежата и член на Астон Вила, Емилијано Мартинез, додека во женска конкуренција наградата ја освои голманката на Англија Мери Ерпс. Наградата за најдобар гол му припадна на Полјакот Марчин Олекси, кој постигна гол „ножички“ на патерици.

    Наградата за фер-плеј му припадна на Грузиецот и член на Кремонезе Лука Лочошвили, додека за најдобри навивачи беа прогласени поддржувачите на репрезентацијата на Аргентина.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Баерн сака да го купи Кансело, но само под еден услов

    22/03/2023

    Доерти со порака до Тотенхем: Не го отпуштајте Конте

    22/03/2023

    Де Бруин е новиот капитен на Белгија

    22/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ништо од боксерскиот спектакл: Усик и Фјури не можат да се договорат
    • Баерн сака да го купи Кансело, но само под еден услов
    • Доерти со порака до Тотенхем: Не го отпуштајте Конте
    • Де Бруин е новиот капитен на Белгија
    • Уапсен првиот човек на косовскиот фудбал
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.