Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е под истрага од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), пренесува „Марка“.
Според изворот, 24-годишниот играч е осомничен за прекршување на правилата за судир на интереси бидејќи поседува неколку фудбалски клубови. Доколку биде прогласен за виновен, Бразилецот може да се соочи со забрана за играње фудбал до две години.
Сезонава Винисиус одигра 47 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 21 гол и 15 асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2027 година.

