Светската фудбалска федерација го објави скратениот список за наградата – „The Best“, која ќе ја додели на 17 декември.
Голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски , кој ги обедини пехарите во Бундес лигата, Купот на Германија и Лигата на шампионите, се наметнува како главен кандидат да го добие вреднуваното признание. Покрај него во конкуренцијата се вметнати и Лео Меси и Кристијано Роналдо. Кај голманите за наградата конкурираат: Мануел Ноер (Баерн Минхен), Алисон Бекер (Ливерпул) и Јан Облак (Атлетико Мадрид).
Кај тренерите најголеми шанси да го добие признанието на ФИФА има тренерот на Баварците, Ханси Флик. Негови конкуренти се Јирген Клоп (Ливерпул) и Марсело Бјелса (Лидс).

