Иако Палестинскиот фудбалски сојуз испрати барање до ФИФА за елиминација на селекциите на Израел од меѓународниот систем на натпревари, тоа сепак нема да се случи, објавија медиумите во „светата земја“.
ФИФА по дискусиите околу тоа прашање, одлучила да не ги суспендира израелските клубови и репрезентации. Потврда на одлуката треба да има на конференцијата на ФИФА закажана во почетокот на наредниот месец.
Барањето на Палестина е испратено уште во март месец но, светската куќа на фудбалот два пати ја пролонгираше одлуката.

