Првите луѓе на ФИФА најавија нови промени во примената на видео-технологијата за време на претстојното Светско првенство во Русија ова лето.
Со последните измени, судиите добија можност да го санкционираат секој жесток старт за време на натпреварот, па дури ако тој и не бил забележан од судиите во некоја фаза од мечот.
Тоа значи дека дури инцидентот да се случил и половина час претходно, судијата има право да ја прекине играта по асистенција на ВАР судијата, да ја прегледа снимката и да го исклучи фудбалерот кој неспортски се однесувал.
ФИФА вели дека целта е да не останат неказнети намерните и жестоки стартови на натпреварите на Мундијалот.