Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ФИФА објави дека има голем интерес за влезниците од СП во Катар
    Фудбал

    ФИФА објави дека има голем интерес за влезниците од СП во Катар

    risteBy riste21/01/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Почнувајќи од средата, 19 јануари, започна продажбата на билети за Светското првенство во фудбал во 2022 година во Катар, а според информциите кои ги објави ФИФА, огромна е побарувачка низ целиот свет за влезници.

    Во првите 24 часа од почетниот продажен период, фановите ширум светот побараа над 1,2 милиони билети.

    Најголема побарувачка имаа навивачите од Катар, а потоа следат фудбалските навивачи од Аргентина, Мексико, САД, Обединетите Арапски Емирати, Англија, Индија, Саудиска Арабија, Бразил и Франција, се наведува на официјалната веб-страница на ФИФА.

    За финалниот натпревар биле побарани повеќе од 140.000 билети, а за воведниот натпревар повеќе од 80.000 билети.

    Првата фаза од продажбата на билетите ќе трае до 8 февруари.

    Претходно беше објавено дека за странските навивачи минималната цена на билетот ќе биде 69 долари, што е за една третина поевтино отколку на Светското првенство во Русија 2018 година (105 долари). Станува збор за билети од трета категорија.

    Најевтините билети од четвртата категорија, кои можат да ги купат само жителите на Катар, ќе чинат 11 долари – два пати поевтино отколку што беше за Русите на Светското првенство во 2018 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Хакан Чалханоглу пред потпишување на нов договор со Интер

    28/03/2023

    Познато е колку ќе добие Конте по отказот од Тотенхем

    28/03/2023

    Жиру го надмина Турам и сега е највозрасниот фудбалер со настап за Франција

    28/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Хакан Чалханоглу пред потпишување на нов договор со Интер
    • Познато е колку ќе добие Конте по отказот од Тотенхем
    • Жиру го надмина Турам и сега е највозрасниот фудбалер со настап за Франција
    • Челзи и Тотенхем го сакаат Нагелсман на својата клупа
    • Букајо Сака пред нов договор со Арсенал, ќе добие 4 пати поголема плата !
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.