Светската фудбалска централа (ФИФА) ги објави деталите од летниот трансфер период, во кој се опфаќа периодот од 1 јуни до 2 септември. Направени се 8935 трансфери, што претставува зголемување од 4,8 проценти од 2018 година.
Вкупната вредност на зделките е 5,79 милијарди американски долари, што е за 9 проценти повеќе во однос на претходната година. 4,38 милијарди американски долари потрошиле клубови од првите пет првенства во Европа, а 1,41 милијарди долари се потрошени од сите други првенства.
Заедно со зимскиот трансфер период, кој традиционално прави помалку зделки, вкупната потрошена сума пари е 7,31 милијарди долари. Од петте водечки првенства – Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција, најмногу договори се остварија на Островот – 478 влезни и 536 излезни трансфери.